Ендрит Фетаху на средба со амбасадорот на ОБСЕ во Албанија

Потпреседателот на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Ендрит Фетаху, присуствуваше на консултативниот состанокот кој мисијата на ОБСЕ во Република Албанија го организираше со претставници на организациите на малцинстватасо цел поттикнување на дијалогот, размена на перспективи и зајакнување на соработката.

Дискусијата помогна да се идентификуваат нови можности за соработка и да се пронајдат начини на кои ОБСЕ може да продолжи да ги поддржува еднаквите права, инклузивното учество и поефикасните механизми за заштита на сите национални малцинства во Албанија.

Претставници од македонските, влашките, ромските, египетските, црногорските, босанските и српските заедници ги споделија своите искуства, предизвици и приоритети за унапредување на правата на малцинствата и социјалната инклузија.

Напишете коментар