Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) на сите Македонци од христијанска вероисповед им го честита најголемиот христијански празник – Раѓањето Христово, Божик, со искрени желби за добро здравје, духовен мир, семејна радост, среќа и благосостојба.
Божик е празник на светлината, надежта и љубовта, празник што нè потсетува на силата на верата, заедништвото и човечноста. Во овие предизвикувачки времиња, кога македонскиот идентитет е изложен на постојани притисоци и напади, повеќе од кога било ни се потребни слога, заемна поддршка и обединување меѓу Македонците, каде и да живеат, за достоинствено да ги пребродиме сите искушенија.
Нека божиќната светлина внесе мир во срцата, сила во духот и надеж во иднината.
Нека е честит и вековит празникот!
Христос се роди!
Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ)
