МАЕИ: Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба

Македонската алијанса за европска интеграција, упатува искрени честитки за Денот на Македонската револуционерна борба! Нека оваа значајна дата ни служи како инспирација во нашите напори за зајакнување на македонската нација и зачувување на македонската култура и традиција.

На денешен ден, 23 Октомври, се сеќаваме на историјата која нè определува. Во 1893 година, формирањето на Внатрешната македонска револуционерна организација – ВМРО, го означи почетокот на длабокото револуционерно движење насочено кон ослободување на Македонија. Оваа важна точка во нашата историја означува раѓање на првиот организиран политички субјект, кој постави камен-темелник на македонскиот отпор и ги негуваше стремежите за слобода и зачувување на нашиот македонски идентитет.

Честит Денот на Македонската револуционерна борба на сите граѓани на Македонија и на Македонците ширум светот! Нека се одржи нашата борба за правдата и единството!

Со почит,

Васил Стерјовски

Претседател на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ)

Напишете коментар