Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ) им го честита 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ, симболот на непокорот и храброста на македонскиот дух.
Во овој значаен ден од нашата историја, се сеќаваме на храбрите македонски борци, вклучувајќи ги и нашите предци од Албанија, кои заедно со македонските партизански единици ја водеа борбата за слободата и ослободувањето на Македонија од наци-фашистичките окупатори. Тие ја покажаа својата лојалност и пожртвуваност кон идејата за слободна и независна Македонија, вложувајќи го својот живот за оваа кауза.
На овој голем празник, им оддаваме почит на сите кои со својата непоколебливост ја испишаа историјата на нашата татковина. Нивната жртва и визија за самостојна Македонија е нашиот аманет да го чуваме македонскиот идентитет и да го градиме патот кон посветла иднина.
Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ!
