МАЕИ со апел до македонските власти да обезбедат побрз премин на граничниот премин “Стење”

Партијата Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) упатува апел до македонските власти да обезбедат побрз премин на граничниот премин Стење-Горица со Република Албанија. Во текот на бербата на јаболка во Преспа, значително зголемено е движењето на Македонци од Општина Пустец, кои секојдневно доаѓаат за работа и се враќаат вечерта.

Секојдневно, во утринските и вечерните часови, се создаваат значителни колони, што предизвикува подолго чекање за влез и излез. МАЕИ бара од надлежните органи да обезбедат поголем број шалтери за обработка на патниците, со цел да се овозможи побрз премин и да се олесни секојдневното движење на граѓаните на овој граничен премин.

Граничен премин “Стење”

Сметаме дека е од исклучителна важност да се овозможи побрз транзит во оваа сезона, за да се поддржи локалната економија од двете страни на македонско-албанската граница.

Напишете коментар