МАЕИ му оддаде почит на писателот Стерјо Спасе по повод 110- годишнината од неговото раѓање

Денеска во живописното село Глобочени, Општина Пустец, делегацијата на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) со гордост и длабока почит положи свежо цвеќе на бистата на големиот писател со македонско потекло, Стерјо Спасе, во чест на 110-годишнината од неговото раѓање.

Глобочени и Преспа со право се горди што на Албанија му дадоа еден бесмртен писател, чијшто дела се не само вградени во сржта на албанската книжевност, туку и ја отсликуваат значајната улога на Македонците во албанското општество.

Колосот на современата албанска литература, Стерјо Спасе, преку своите дела инспирираше и едуцираше цели генерации Албанци, секогаш гордо истакнувајќи ги своите македонски корени. Вечна му слава!

Напишете коментар