Претседателот на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски во Тирана, оствари средба со амбасадорот на Европската Унија во Албанија, Луиџи Сорека.

На средбата Васил Стерјовски го запознал амбасадорот Сорека за предизвиците со кои се соочува македонската заедница во Албанија.
На средбата посебно стана забор за притисокот со кој македонската заедница се соочуваше за време на пописот во Албанија од страна на Бугарија која директно се мешаше во внатрешните работи на Албанија се уцени, поткуп и притисоци Македонците во Албанија да се попишат за Бугари за што Македонска алијанса за европска интеграција ја информираше албанската јавност и сите домашни и меѓународни институции.
