Претседателот на партијата Македонска алијанса за европска интеграција, Васил Стерјовски, во Штип ја одржа изложба насловена “МАКЕДОНЦИТЕ ВО АЛБАНИЈА, ИДЕНТИТЕТ, ТРАДИЦИЈА, КУЛТУРА”.

Изложбата содржеше документи од архивите на САД, Австралија, Франција, Италија, Аргентина и Албанија за посебноста и идентитетот на Македонците од Албанија.

На отварањето на изложбата присуствуваа гости од Република Македонија, активисти на Македонците од Албанија, Грција, Бугарија и Србија, пратеници од македонското Собрание, преставници од СМК, Матица на иселиниците, и други македонски здруженија.

Изложбата беше рамките на настанот по повод одбележувањето на 8-ми Ноември – Денот на ослободувањето на Штип и 75 години од крајот на граѓанската војна во Грција 1946-1949 година и дел од организација на Шестата средба на децата бегали од Егјеска Македонија, организирано од здружението на Македонците од егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова“ од Штип и Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија „Македон“.
