
Со изборот на Јован Шкемби од страна на Советот на општина Поградец, за член на Советот на Округот Корча, партијата Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) во советот на овој округ сега има двајца свои претставници.
Јован Шкемби, како претставник на Македонска алијанса за ервропска интеграција (МАЕИ), претходно даде свечена заклетва на седницата на Советот на Општина Подградец со што и официјално стана член на советот.
Партијата Македонска алијанса за европска интеграција во Советот на округот Корча има двајца свои членови, генералниот секретар Таќо Гроздани, како претставник на Советот на Општина Пустец и членот на Централниот комитет Јован Шкемби, како претставник на Советот на Општина Подградец.
Советот на округот Корча, брои 24 советници од 6 општини Корча, Подградец, Колоња, Пустец, Малиќ и Девол.
