Честитка од МАЕИ по повод 23 Oктомври

Македонска алијанса за европска интеграција, по повод 23 октомври – Денот на македонската револуционерна борба, денот кога е формирана македонската револуционерна организација, која е олицетворение на македонскиот непокор, упатува честитка до сите граѓани на Македонија и Македонците во целиот свет.

На денешен ден 1893 година, во градот Солун, шестмина македонски визионери ја формираа македонската револуционерна организација како почеток на македонското револуционерно движење за ослободување на Македонија, поставувајќи ги темелите на македонскиот отпор и стремеж за слобода и создавање на своја држава.

Наша должност е да им оддадеме почит на македонските револуционери за слобода и независност и да се обединиме за заштита на Македонската нација.

Нека е вековит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!

Напишете коментар