
Никако да завршат проблемите со струјата во општина Пустец. Откако жителите на македонската заедница во општина Пустец поминаа една недела без струја, вчера во селото Горна Горица, општина Пустец, како резултат на честите прекинина електричната енергија, причинета е голема материјална штета, каде изгореа стотина електрични апарати.
Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ ја поддржува реакцијата на жителите на село Горна Горица против Операторот за дистрибуција на електрична енергија за предизвиканите штети.
Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ бара од надлежните органи да формираат Комисија за проверка на штетите предизвикани од испадите на струја и жителите на село Горна Горица да бидат обесштетени за оштетената опрема бидејќи се редовни плаќачи на сметките за електрична енергија.
Сакаме да нагласиме дека граѓаните имаат право да бараат обештетување за евентуални штети од испадите на струја затоа што договорот помеѓу Операторот за дистрибуција на електрична енергија и потрошувачот предвидува компензација во случај на оштетување на опремата, како резултат на испадите на струја.
