Претседател

Васил Стерјовски е роден во Корча на 17 мај 1982 година. Стерјовски дипломира за историја на Филозофскиот факултет на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, Скопје, Македонија. Постдипломски студии заврши на Институтот за национална историја на Универзитетот “Свети Кирил и Методиј”, Скопје, Македонија. Во моментот ги следи докторските студии на Институтот за национална историја на Универзитетот “Свети Кирил и Методиј”, Скопје, Македонија.

Стерјовски работеше како заменик-градоначалник на општина Пустец во текот на 2007-2010 година. Во текот на 2010-2017 година работеше како директор на јавното претпријатие „Регионален водовод Корча“. Во периодот 2017-2019 година работеше како директор на јавното претпријатие „Водовод и канализација Пустец“. Во текот на 2015-2019 година беше избран за член на Советот на општината Пустец и член на совет на Огругот Корча. Во моментов, од 16 мај 2019 година, тој е член на албанскиот парламент.

Во исто време, во периодот 2007-2013 година тој беше претседател на Унијата на млади сили на партијата Македонска алијанса за европска интеграција. Од 2013-2019 година ја извршуваше функсијата генерален секретар на партијата Македонска алијанса за европска интеграција. Од септември 2019 година избран е за претседател на партијата Македонска алијанса за европска интеграција.

Стерјовски зборува албански, македонски и англиски.

Напишете коментар