
Пред два дена, од страна на Македонските власти издадена е забрана за влез во Република Македонија на македонски државјани кои имаат коли со странски регистарски таблици.
Поради ова одлука, Македонците од Албанија, кои се албански државјани и дел имаат и македонско државјанство, не можат да влезат во Република Македонија бидејќи поседуваат коли со албански или други регистарски таблици.
Ова одлука најмногу економски ги погодува Македонците во Албанија кој што живеат во пограничните региони со Македонија пред се во Општина Пустец и областа на Голо Брдо и кој секојдневно влегуваат во Македонија за сезонска работа или да пазарат.
Единствената македонска партија на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) апелира до властите во Република Македонија да ја ревидираат ова одлука и да не се попречуваат Македонците од Албанија кој поседуваат коли со албански или други регистарски таблици за влез во Република Македонија.
