Македонците во Албанија го одбележаа празникот Василица

Македонците во Албанија традиционално го одбележуваат празникот Свети Василиј Велики, со кој се означува почетокот на Новата година според јулијанскиот календар.

Македонците од Мала Преспа со голема чест и духовна радост го одбележаа празникот Свети Василиј каде во селото Леска, во црквата „Свети Василиј”, Света Божествена Литургија, одржаа свештениците Алексо Темелко и Ропи Арѓири, по што беше кршена василичарската погача.

Најсреќен беше Кире Танас од селото Зрновско, кој посака многу здравје, среќа и благосостојба.

-Честит и вековит да ни е празникот. Среќата ми се насмевна мене и за тоа многу сум радосен. Посакувам најпрво здравје, среќа и насекаде нека владее мир, посака Танас.

По традиција и овој пат со Македонците беше Васил Стерјовски, претседател на македонската партија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ.

Во свое и име на партијата посака Стара Нова година да донесе здравје, среќа и благосостојба во домовите на сите Македонци каде и да се.

-Нека ни биде и година на единство, успеси и напредок за сите нас, Македонците во Албанија, и нека продолжиме заедно да го чуваме и афирмираме нашиот македонски идентитет, рече тој откако запали свеќа за здравје.

Напишете коментар