МАЕИ: Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), на сите Македонци им го честита 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ, симболот на непокорот и непоколебливата храброст на македонскиот народ, стои во честитката на партија.

Се додава дека „Македонците од Албанија, рамо до рамо со своите сонародници, се приклучија на македонските партизански единици за време на Втората светска војна, давајќи голем придонес во борбата за ослободување на Македонија од наци-фашистичкото ропство“.

Многумина од нив „ ги дадоа своите животи за каузата на слободата, независноста и самоопределувањете на македонскиот народ“.

-На овој голем ден, оддаваме длабока почит на сите храбри борци и херои кои го положија својот живот за слободна и самостојна Македонија, оставајќи ни аманет да го чуваме македонскиот идентитет, јазик и култура, и да се бориме за подобра и посветла иднина на нашата татковина. Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ, посакува МАЕИ.

Напишете коментар