Почитувани браќа и сестри, Македонци,
Од името на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) и целата македонска заедница во Албанија, ви го честитаме 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија. Овој ден е симбол на долгогодишна борба на Македонците за самостојност, слобода и достоинство.
На овој историски датум пред 33 години, Македонците храбро и достоинствено го заокружија својот стремеж кон независна држава, исполнета со слобода, суверенитет и иднина заснована на европски вредности и демократски принципи. Овој ден ни дава поттик и обврска да продолжиме да ја чуваме и градиме Република Македонија како силна, стабилна и просперитетна држава, дел од големото европско семејство.
Да ја славиме нашата заедничка историја и да го чествуваме нашето единство, идентитет и култура, каде и да се наоѓаме во светот. Како Македонци во Албанија, и ние го делиме гордото наследство на нашата мајка татковина, стоејќи цврсто зад принципите на мир, соработка и интеграција.
Нека ни е честит и вековит Денот на независноста на Република Македонија!
Со почит,
Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ
