Драги верници од православна вероисповед,
Во името на единствената партија на Македонците во Албанија, Македонската алијанса за европска интеграција, Ви го честитаме големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица.

Во овој свет ден, кога го чествуваме вознесувањето на Мајката Божја, нека нашите срца бидат исполнети со вера, љубов и надеж.
Нека Пресвета Богородица ги благослови вашите домови со мир, здравје и благосостојба, а нејзиниот светол пример да ни биде водилка низ сите животни предизвици.
Честит празник!
Со почит,
Македонска алијанса за европска интеграција
