МЦН: Македонско малцинство: Се манипулира со пописот! Стерјовски алудира на тивок пакт меѓу Албанија и Бугарија

Во очекување на објавувањето на резултатите од ИНСТАТ (Заводот за статистика) за пописот во 2023 година, едно од најголемите малцинства во Албанија, македонското, обвинува дека процесот е изманипулиран.

Поранешниот пратеник, актуелен претседател на Македонска алијанса за европска интеграција, Васил Стерјовски, за МЦН вели дека поради пактот меѓу Албанија и Бугарија, малцинството што тој го претставува е во опасност да исчезне.

– Сите се чудат како Албанија го дозволува ова. Да и се остави одврзани раце на Бугарија да го спроведе пописот во Албанија!? Тоа е апсурдно. Ова беше војна на албанските граѓани од македонска националност со бугарските институции, со бугарските екстремисти, но и со албанските институции кои не ни помогнаа во целиот овој процес да нè заштитат од сите овие закани што доаѓаа од бугарската држава. А кредибилитетот на ИНСТАТ (Заводот за статистика) паѓа затоа што целиот процес беше контролиран, особено во областите каде што живее македонската заедница, беше контролиран од бугарските структури, од Бугарија, изјави Стерјовски.

Стерјовски при набљудувањето на пописот споменува високи функционери и радикални бугарски експоненти кои директно се мешаа кај граѓаните, уценувајќи ги или нудејќи им големи суми да се изјаснат како Бугари.

– Од вториот ден од почетокот на пописот, бугарскиот амбасадор отиде во селата во областа Голо Брдо, во Требиште, каде по улиците делеше таблети и телефони, убедувајќи ги луѓето да се декларираат како Бугари. Особено по првата недела кога видоа дека сите овие активности не даваат резултат и жителите не се изјаснуваат како Бугари, почнаа и отворени притисоци, разни екстремистички кругови од Бугарија дека ќе им бидат одземени пасошите на сите жители албански граѓани кои имаат бугарски пасоши или дека ќе се прекине постапката за оние кои се во постапка за вадење бугарски пасош. Од нашите информации кои доаѓаа од терен, овој попис беше како на сточен пазар, каде ако го фотографиравте формуларот од таблетот дека сте се изјасниле како Бугарин, за тоа ќе добиевте 300 евра од бугарските структури за таа фотографија, изјави Стерјовски.

Овие обвинувања Стерјовски ги адресирал и до владата на Северна Македонија, но Ковачевски им соопштил дека добил гаранцијата од Еди Рама за еден транспарентен процес.

– Ние, овие загрижености му ги кажавме и на македонскиот премиер дека има прекршувања, кои ги имаме пријавено. Премиерот ни рече дека добил гаранции од премиерот Рама дека процесот ќе се спроведува според стандардите на Евростат. Ова го  рече македонскиот премиер, доколку се применат стандардите на Евростат, нема никаква загриженост, но ние не се согласивме, му кажавме дека кај нас, особено во областите каде што живее македонската заедница, не се применува ниту еден стандард на Евростат и Бугарија ја оставија со одврзани раце да прави што сака, изјави Стерјовски.

Бугарското малцинство беше официјално признато со закон во Албанија во 2017 година, преклопувајќи ги областите кои со децении беа признати како македонско малцинство.

Од Македонска алијанса за европска интеграција велат дека на пописот во 2011 година на целата територија на Републиката немало ниту еден самопрогласен граѓанин за Бугарин,  додека дури и на пилот пописот во 2019 година, имало само 1 вкупно.

На последниот попис одржан во Албанија, македонското малцинство резултира 0,20% од населението, поинаку преведено на 5.512 граѓани декларирани како Македонци.

Напишете коментар