
Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) на сите верници од муслиманска вероисповед им го честита големиот муслимански празник Рамазан Бајрам и посакува празничните денови да минат во среќа, радост и добро здравје!
Честит големиот празник Рамазан Бајрам. Нека овие денови кај секој човек ги потврдат вредностите на слогата, толеранцијата и духовниот напредок и сите заедно да имаме спокоен и среќен живот. Убедени сме дека пораката на големиот празник уште еднаш ќе потврди дека со заеднички напори можеме да одговориме на предизвиците со кои се соочува современиот свет и сите заедно ќе бидеме добар пример за идните генерации.
Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) посакува сите заедно да продолжиме со заемното одбележување на празниците на различните верски заедници, кои се столб на градење на соживотот.
